Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКВИ ПОРТИ ОТВОРИ ПРЖИНО: „Петте минути“ за решение на спорот со името?

КАКВИ ПОРТИ ОТВОРИ ПРЖИНО: „Петте минути“ за решение на спорот со името?
Спорот со името – можно ли е решение или барем исчекор кон решение кога Грција се соочува со условени реформи, а Македонија е исправена пред предизвикот за историски системски промени? Домашните лидери во текот на преговорите за излез од политиката криза официјално, негираа дека името е дел од пакетот-решенија. Неофицијално, во македонската јавност се oтворија серија на дилеми за тоа дали сега се “петте минути“ – шанса за решение на овој проблем, кој барем досега се посочуваше како кочница на евроатланските интергации на земјава. Може ли решението да дојде од Пржино? По политичката разрешница, на дневен ред – спорот со името..   Разрешницата на политичката криза со договор меѓу лидерската четворка од страна на меѓународната зедница беше оценета како значаен исчекор кој ќе ги забрза евроатланските интеграции на Македонија. До почетокот на кризата, токму спорот со името беше посочуван како клучниот кочничар за членството на земјава во НАТО и ЕУ. Дали сега, со прифаќање на обврската за спроведување на договорот од Пржино, се зголемува шансата за решение и на овој спор, кое би добило широка поддршка, особено по изјавата на американската дипломатка Нуланд која за време на балканската турнеја не го изостави името. “Нашата порака до Македонија е еднакво цврста. Пред вас е голема можност за единство и просперитет. Пред вас е членство во НАТО и во Европската Унија. Но, големите политички партии мора да престанат да се расправаат и да појдат по патот на демократски реформи кој Еврокомесарот Јоханес Хан го подготви со поддршка од Соединетите Американски Држави, а потоа да се фокусираат на решавање на спорот за името со Грција. Немојте да ja пропуштите овaa можност, изјави Нуланд. Официјално, македонските лидери негираа дека ова прашање било дел од пакетот – решенија за политичката криза. Неофицијално,  во јавноста веќе се отвори дилемата за тоа дали овај период на политичка криза дома и длабока финансиска криза во Грција, можно е приближување на ставовите. Резултатите од последната анкета на Интернационалниот републикански институт покажуваа  дека речиси половина од анкетираните го посочиле отворениот спор со Грција како главна причина за забавување на македонските евроинтеграции Решение – само под притисок ? Домашната експертска јавност со подделени мислења. Според аналитичарот Петар Арсовски, за решение на името пред се е потребна политичка волја во Македонија. “Македонија не е заинтересирана за решение за името во сегашната политичка ситуација.  За таков потег потребно е политичката криза да стивне, да се направи широк политички фронт, што мислам дека партиите во Македонија нема да го прифатат во сегашната ситуација без некаков огромен притисок однадвор.  Сепак локалните политичари тоа прашање го сметаат за неопортуно“, вели Арсовски. Аналитичарот Владимир Божиновски вели дека заминувањето на грчкиот опозиционер Самарас е голема продобивка за Макеоднија, со оглед на тоа што тој е атрибут, односно креатор на спорот со иметот, но посочува дека време е земјава да покрене инцијатива пред евроските лидери за решение на овој спор. “Секако дека за Македонија најголема придобивка од грчиот референдум (можеби и единствена) е заминувањето на Самарас како човек кој всушност го креираше спорот со името пред повеќе од 20 години. На многупати во минатите неколку години го повторував мојот став дека се додека премиер на Грција (или лидер на опозиција) е Андонис Самарас, спорот за името нема да мрдне од мртва точка во која се наоѓа. Сепак сметам дека за посериозен исчекор во однос на ова прашање потребно е Грција прво да го реши внатрешните серизни финансиски проблеми“, вели Божиновски и додава: “Она што Македонија треба и може да го направи е во рамките на нејзините можности да поведе иницијатива помеѓу членките на ЕУ, каде би се изложило нашето видување и нашиот став во однос на спорот за името, затоа што со актуелната перцепција на ЕУ кон Грција, како едно разгалено дете кое треба да биде дисциплинирано, сега реално постои поголема можност да добиеме одредена наклоност по ова прашање од страна на моќните членки на ЕУ, пред се од Германија и со тоа да ги засилиме нашите идни преговарачки позиции до одредена мера“, вели Божиновски. Иако Грција се наоѓа во сериозна економска состојба, тамошното лидерство има единствен став кога се работи за “црвените линии“ за спорот со името, вели универзитетскиот професор Јове Кекеновски. “Не сум некој голем оптимист по однос на ова прашање, иако лично би сакал да бидам. Мислам дека повлекувањето на оние политичари кои имаа ,,тврди” ставови по однос на името, нема ништо посебно да промени на овој план. После оваа втора голема победа на левицата се работи за неизбежна промена на внатрепартиските сруктури и заминување на веќе ,,истрошените” политичари од грчката политичката сцена. Инаку во многу наврати досега и самиот Ципрас покажа дека и тој не е далеку од истата позиција или оние ,,црвени линии” кои се зацртани од страна на претходниот премиер, но и за жал широко прифатени од најголемиот дел на грчката јавност, вели професорот Кекеновски кој не очекува дека и на домашен терен наскоро би можело да се отвори ова прашање, освен доколку не засили протисокото на меѓународната зедница. “Иако во јавноста проструи информацијата дека на маса е ставен и предлог за решавање на името, јас сум сигурен дека сегашнава гарнитура на политичка елита нема капацитет и знаење како да го реши спорот со името, а уште помалку да покаже иницијатива и храброст да го актуелизира проблемот. И Заев и Груевски се заглавени во сопствените проблеми од кои тешко дека ќе можат да испливаат, така да секое впуштање во една нова авантура ќе значи само нивна дополнителна девалвација. Меѓутоа не би ме чудело со оглед на ситуацијата во која се наоѓаат и во обидот секој со сопствен есап да си ја спаси сопствената кожа и двајцата, под притисок на меѓународната заедница, дури и да договорат промена на името додека траат преговорите за излез од политичката и државната криза во која се наоѓаме подолго време“, вели прфесорот Кекеновски. Решение за името е можно само доколку засили притисокот од меѓународната зедница, смета и аналитичарот Арсовски. “Јас не сум убеден дека Грција би можела посериозно да се зафати со проблемот со името додека се наоѓа во егзистанцијална криза.  Дури и повлекувањето на лидерите или дури и исчезнувањето на некои политички партии од сцената не го менува општиот политички амбиент кон ова прашање.  Можно е тоа да стане дел од еден поголем пакет за Грција и Македонија, но тоа само доколку е во интерес на САД“, вели Арсовски. Според последната анкета на ИРИ,  80% од анкетираните сакаат Македонија да влезе во Европската унија, 2%од испитаниците кои не го подржуваат влезот на земјава во Европа велат дека причина е билатералното недоразбирање. Најголем број, или 19%  од запрашаните, кои не сакаат замјава да влезе во Унијата сметаат дека Македоинија не би имала придобивки од членството. Најголем број од оние кои ги подржуваат евроинтеграциите очекуваат подобрување на општата социо - економска состојба од приемот на Македонија во ЕУ и НАТО. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести