Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какви отстапки доби Турција од акциониот план за мигрантите кој го одобрија лидерите на ЕУ?

Какви отстапки доби Турција од акциониот план за мигрантите кој го одобрија лидерите на ЕУ?

Лидерите на ЕУ го одобрија акциониот план како на Турција би и се помоганло да се избори против мигрантите, а за возврат ќе добие отстапки од Брисел, вклучувајќи и полесно добивање на виза.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск рекол после самитот на лидерите на  28 земји на ЕУ дека Турција мора да ги исполни своите обврски, бидејќи „акциониот план има смисла само ако се сузбие приливот на бегалци“.

Жан Клод Јункер пак рекол дека лидерите на ЕУ се согласиле да ја забрзаат работата на лесно добивање виза за државјани на Турција, но истовремено нагласувајќи дека ЕУ нема да прави компромиси околу своите стандарди.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјавила после состанокот на лидерите на ЕУ дека Унијата ја разгледува финансиската помош за Турција од околу три милијарди евра како би и помогнале да ги задржи сириските бегалци на свое тло и да ги одврати од заминувањето во Европа.

Таа додала дека лидерите се договориле да го ревитализираат процесот кон Турција во ЕУ и да отворат нови поглавја во преговорите, но без одлука за темата кои поглавја би биле тоа.

Слично

Поврзани вести