Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какви минерали има на Гренланд?

Какви минерали има на Гренланд?

Oстровот Гренланд има над 1.100 идентификувани минерални наоѓалишта, но има само два активни рудника и само осум активни лиценци за рударство. 

Критичните минерали сепак имаат место во договорот за кој информираше американскиот претседател Доналд Трамп. Тој извести дека е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Но, освен поради одбраната, високи претставници на администрацијата на Трамп потенцираа дека Гренланд е потребен на САД поради рудите кои ги поседува

Трамп ги спомена природните ресурси на Гренланд во својот говор на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, каде сепак рече дека придобивањето на минералите не е причината зошто на Америка ѝ е потребна оваа територија.

На островот постојат геолошки истражувања за бакар, цинк, титаниум и ретки елементи, кои се неопходни материјали во воената индустрија, за центрите за податоци од вештачката интелигенција, електричните автомобили, како и за остварување на цели од зелената агенда.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести