Какви измени ќе претрпи електронскиот систем за јавни набавки?
Ќе се реформира системот за јавни набавки во Македонија со цел поефикасно да се менаџира со јавните финансии. ТВ 24 дознава дека со промените треба да се скратат роковите во кои се спроведуваат тендерите, но и да се променат некои критериуми кои сега се спорени при набавките.
Дел од експертите сметаат дека реформите се повеќе од потребни, бидејќи за кратко време на Законот за јавни набавки биле направени повеќе од 15 измени и дополнувања.
Од Министерството за финансии потврдуваат дека работат на подобрување на системот за јавни набавки за што ќе ја консултира јавноста и експертите.
Досегашните анализи покажуваат дека најчести проблеми со кои се сочуваат фирмите при јавните се најниската понудена цена и задоцнетото плаќање.
