Какви економски штети ќе трпи САД од војната во Иран?
Поради војната на Блискиот Исток, економистите очекуваат повисока инфлација и побавен раст во САД.
Според проценките на експертите за агенцијата Блумберг, индексот на лична потрошувачка (PCE), кој Федералните резерви на САД го сметаат за клучен индикатор за инфлацијата, треба да изнесува 3,1 процент во 2026 година, што е зголемување во споредба со претходната проекција од 2,6 проценти.
Дополнително, очекувањата за економски раст во Соединетите Американски Држави се малку намалени - бруто домашниот производ (БДП) треба да порасне за 2,3 проценти во 2026 година, наместо претходно проценетите 2,5 проценти, со послаба лична потрошувачка и побавен раст на вработеноста во првата половина од годината.
Инаку, многу земји преземаат мерки, односно штедат нафта поради состојбите на Блискиот Исток.
Денеска се навршува еден месец од почетокот на војната на САД и Израел против Иран.