Какви економски предизвици го чекаат светот поради војната во Иран?
Тековната војна ја турка глобалната економија кон полоша ситуација.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предупреди дека континуираните нарушувања поврзани со војната на Блискиот Исток ризикуваат да резултираат со помал раст и повисока инфлација низ целиот свет.
Најновите проекции на организацијата, објавени во април, предвидуваат глобален раст ограничен на 3,1 процент оваа година поради конфликтот и блокадата на енергетските текови во Персискиот Залив.
ММФ предупреди дека глобалната економија ризикува да се лизне кон „полошо“ сценарио ако војната продолжи, објави Бета.
Портпаролката на организацијата, Џули Козак, во четвртокот на редовната прес-конференција изјави дека навистина се движиме кон „полошо сценарио“.
„Очекувањата во врска со инфлацијата засега остануваат исти во однос на можното влошување, а финансиските услови бараат прилагодување“, додаде таа.
Војната на Израел и САД против Иран почна на 28 февруари годинава.