Какви докази добила Јанева за случајот „Ровер“?
И третото судење за поранешниот министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски заврши безуспешно.
Лидерот на ОМ Бошковски ја напуштил седницата притоа барајќи збор на судијата му посочил дека располага со основано сомнение оти не само предметот „Кампања“, за кој беше осуден, туку и случајот „Ровер“ бил политички договаран и монтиран.
Адвокатот на Бошковски пред судијата посочил дека постојат веродостојни информации, дека истите извори, кои до специјалната обвинителка Катица Јанева ги доставија прислушуваните материјали од „бомбите“, доставиле и прислушувани материјали за монтирање на „Ровер“.
„Имаме сигурни информации дека до специјалната обвинителка во врска со случајот „Ровер“ се предадени 18 транскрипти со повеќе од еден час разговори во кои се вклучени лица од овој процес кои во голема мера го доведуваат во прашање легитимитетот на оваа постапка бидејќи се содржани елементи на подготвување и водење на процесот“, изјави одбраната на Бошковски.
Судијата Илија Трпков пак посочил дека додека не добијат известување дека предметот преминува во рацете на обвинителката дотогаш ќе работат во согласност на законите, напоменувајќи дека ако страните не се задоволни од начинот кој судијата го води судењето може да побараат изземање.
Според пресудата на Кривичниот суд Бошкоски доби затвор од 10 години и шест месеци.Бошкоски е осуден за помагање при убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година