Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какви чекори презема Трамп откако нафтата скокна?

Какви чекори презема Трамп откако нафтата скокна?

Скокнаа цените на нафтата. 

Тие денеска на меѓународните пазари пораснаа на 69 долари за барел. Ова е резултат на намаленото снабдување од водечките производители и американските санкции на извозот од Иран и од Венецуела.

На лондонскиот пазар цената на барелот беше повисока, за 83 центи во однос на затворањето на тргувањето во четвртокот и изнесуваше 68,65 долари. На американскиот пазар, барелот нафта се тргуваше за 1,14 долари повисока цена, односно за 60,44 долари. Одвоено Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) утрово објави дека цената на барелот од референтната кошница нејзина нафта вчера била 66,39 долари, што значи дека била 77 центи пониска од претходниот ден.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги повика членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (OПЕК) да го зголемат производството на нафта затоа што цените нагло пораснале.

„Многу е важно OПЕК да ја зголемат понудата на нафтата. Светските пазари се кревки, цените на нафтата стануваа превисоки. Ви благодарам!“, напиша Трамп на Tвитер. 

Тој слична порака испрати и минатиот месец. 

Цените на сировата нафта на меѓународните пазари растат од почетокот на 2019 година. САД не се членка на OПЕК, но се голем извозник на енергенси.

На 4 февруари нафтата имаше највисоки цени за период од 2 месеци. 

Слично

Поврзани вести