Економија, финансии, бизнис

Контакт

Какви беа цените во земјоделството во октомври?

Какви беа цените во земјоделството во октомври?

Индексот на цените во земјоделството во октомври 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот e на исто ниво, а кај аутпутот е намален 
за 4.3%, се наведува во соопштението на Државниот завод за статистика. 

Во октомври 2016 година, во споредба со октомври 2015 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 100.0, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.9.

Во делот аутпут, во октомври 2016 година, во споредба со октомври 2015 година, индексот на цените на  растителното производство изнесува 96.0, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 95.2.




Слично

Поврзани вести