Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каква проценка очекува Македонија: Ќе има или ќе нема избори во април?

Каква проценка очекува Македонија: Ќе има или ќе нема избори во април?

Денес е денот кога дипломатските претставници од ЕУ и САД во земјава ќе им соопштат на политичките партии и целата јавност дали има услови за одржување на кредибилни, фер и демократски избори.

Оценката дали се исполнети условите за изборен мегдан се очекува да биде соопштена денеска во попладневните часови, односно ќе му биде предадена на премиерот задолжен за спроведување на изборите Емил Димитрив, а  амабасадорите Џес Бејли и Аиво Орав на прес конференција ќе ја соопштат оценката.

Сега се е во рацете на меѓународната заедница, иако политичките лидери сѐуште го немаат имплементирано целосно договорот кој го потпишаа во Прижино минатото лето, а тоа всушност е условот за одржување на априлските избори.

Во пресрет на извештајот амбасадорите повеќепати ја испратија пораката дека датумот е сепак условен со исполнување на договорот од Пржино.

Но договорот запна кај медиумите и нивното регулирање.

Опозицијата и власта не се согласни околу владините реклами и јавниот сервис МРТ.

Аналитичарите и невладините органзации скептици

Дел од аналитичарите категорично велат и очекуваат дека изборите ќе се одложат.

Според Суад Мисини, поради неисполнување на договореното од Пржино, можни се неколку сценарија по објавувањето на извештајот на меѓународните институции.

“Според мене, доколку извештајот констатира дека нема услови за избори, Вмро-Дпмне нема да оди на избори без опозицијата. Прво што очекувам е да се договори нов датум за избори. Според мои порценки, тие би се одложиле за еден месец, односно нивното одржувањe  би се презакажало за во мај. Но доколку изборниот процeс  се одложи за подоцна, тогаш не треба да исклучиме дека владеачката партија ќе реагира, односно Собранието би ја повлекло одлуката за распуштање а Грувевски  би се вратил на позицијата премиер“, вели аналитичарот Мисини.

Невладините организации пак веќе испратија едногласна порака со која порачуваат дека избори на 24 април не може и не треба да има.

“Баравме целосно професионализирање и департизација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и професионализирање и ослободување од партиските стеги на јавниот сервис МРТВ. Единствената препорака која во овој момент може да се испорача до меѓународната заедница, до Вашингтон и Брисел, е да дадат зелено светло за вистински услови за слободни избори и да не се придржуваат до формата, туку до содржината“, велат од невладината организација “Цивил“.

Од инволвираните и засегнатите институции во изборниот процес и неговиот мониторинг, се огласија од “Мост“.

“Ако ме прашувате директно дали се исполнети условите за на 24 април да има избори, јас ќе ви кажам не. Задачата на нашите партнери и набљудувачи е да ги следат условите и околностите во кои што се подготвува целокупниот изборен процес. Иако на 20 јануари јавно констатиравме 50-дневно задоцнување со почетокот на прочистувањето на Избирачкиот список, денес, 27 дена подоцна, може да констатираме 77-дневно задоцнување на прочистувањето на Избирачкиот список. Апелираме до сите политички партии во РМ, да ја согледаат сериозноста на оваа состојба и објективно да направат процена дали навистина овие 77 дена се поминати или не и што е сработено во тој период“, рече Дарко Алексов од невладината “Мост“.

Но колку всушност Македонија вистински е подготвена за фер избори во април?

Слично

Поврзани вести