Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каква порака му испрати Брисел на Ердоган?

Каква порака му испрати Брисел на Ердоган?

Дури само закажувањето на референдум за враќање на смртната казна во Турција ќе значи крај на преговорите за влез во ЕУ, изјави денеска портпаролот на шефот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Тој го нарече прашањето за смртната казна „најцрвената од црвените линии“ за преговорите, кои Турција ги води за влез во ЕУ од 2005 година. „

„Трансформацијата од реторика кон акција ќе биде јасен знак дека Турција не сака да е член на европското семејство“- изјави портпаролот.

Додава дека ЕУ е категорично против смртната казна и дека тоа е еден од основните принципи на Унијата и „симбол на Европа во светот“.

Портпаролот ги повика противниците и поддржувачите на промената на државно управување од парламентарна кон претседателска република во Турција, да покажат воздржаност.

„Ја охрабруваме Турција да се врати кон ЕУ, а не да се оддалечува уште повеќе и побрзо од нас“- изјави портпаролот на Жан-Клод Јункер.

Властите треба внимателно да ги одберат следните чекори, откако ќе се стремат кон што е можно поширок национален консензус, изјави портпаролот, повикувајќи се на малата разлика и далекусежните последици од референдумот во неделата.

Европската комисија ги повика турските власти да ги испитаат извештаите за нарушувањата на изборните правила утврдени од меѓународните набљудувачи од ОБСЕ.

Набљудувачката мисија објави дека референдумот е одржан по пониски од меѓународните стандарди. Се цитира и одлуката да се бројат и избирачките ливчиња кои немаат печати.

Претседателите на Европската комисија Јункер и на Европскиот совет, Доналд Туск досега не го следеле примерот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој се јави на Реџеп Ердоган, за да го поздрави за исходот од референдумот.

Во меѓувреме европските либерали се приклучија на социјалистите во Европарламентот во барањето за прекин на преговорите за членство на Турција во ЕУ. За разлика од евросоцијалистите кои ја сакаат европската перспектива на земјата да биде одземена, откако уставните измени бидат прифатени, либералите инсистираат тоа да се случи веднаш. Нивниот лидер Ги Верхофстат инсистира ЕУ да ги преразгледа целосно односите со Турција.

Слично

Поврзани вести