Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКВА ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА САКАМЕ?

КАКВА ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА САКАМЕ?

Стопанската комора на Северна Македонија воведува нов производ - МЕСЕЧНО ОБРАЌАЊЕ НА АКТУЕЛНА ТЕМА. Целта е да се актуелизираат одредени теми кои што се од интерес за бизнис секторот, на јавноста да ѝ се понуди нешто ново, свежо и различно, но и да се испратат конкретни пораки до носителите на економските политики за клучните приоритети во државата.

- Во месечните обраќања ќе имате можност да слушнете ставови на врвни бизнисмени и лица со експертиза и висока репутација во општеството, кои доаѓаат од редовите на Комората, но и надвор од неа.

Во таа насока ве известуваме дека првото обраќање ќе биде на тема:

КАКВА ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА САКАМЕ?

На оваа тема ќе зборува м-р Зоран Јовановски, потпретседател и советник во Кабинетот на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија за макроекономски прашања и јавни финансии - се наведува во соопштението испратено од СКСМ.

Од комората посочуваат дека првото обраќањето ќе се одржи утре во нивните простории.

Слично

Поврзани вести