Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каква оценка за изборите ќе добие Македонија од Хојт Ји?

Каква оценка за изборите ќе добие Македонија од Хојт Ји?

Државниот врв и претставници од земјава од различни структури веќе втор ден имаат среди со Брајан Хоји Ји.

Тој е заменик помошник на американскиот државен секретар за Европа и Азија и е дојде да го подржи договорот од Пржино.

Вчера оствари средби со претставници на владеачката партија, лидерите на партиите од албанскиот блок Ахмети и Тачи и со јавниот обвинител Марко Зврлевски како и со претседателот Ѓорге Иванов.

За денеска се најавени средби со Емил Димитриев и со министерот за правда Аднан Јашари, како и со претставници на опозицијата.

Спроведување на фер и демократски избори со цел подршка на македонските евроатлански интеграции е клучната порака која американскиот помошник им ја пренел на оние со кои остварил средби.

Тој исто така побарал Власта да се посвети подеднакво сериозно на содржината на прислушуваните разговори, колку што ги зема сериозно обвинувањата против лидерот на опозицијата Зоран Заев, порача американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Азија Хојт Ји, по средбата со премиерот Никола Груевски.

По завршувањето на средбите се очекува високиот претставник да ја заокружи посетата на Македонија и да ја соопшти оценката колку земјава е спремна за претстојните избори.
Слично

Поврзани вести