Каква одлука „падна“ па доларот почна да расте?
Јапонската централна банка ја заврши дводневната седница со одлуката воглавно да ја задржи истата стратегија на монетарно ублажување.
Тоа наиде на позитивна реакција на Токиската берза на која е забележан нагол раст на акциите, додека јенот истовремено ослабнал.
Банката на Јапонија наведува дека нејзината референтна аматна стапка ќе остане негативна на минус 0,1 отсто.
Таа централна банка им ја наплаќа таа камата на бизнис банките на вишокот средства кои ги држат кај централните банки, како би поттикнала тие пари да ги насочат во кредитирање.
Централната банка исто така навела дека ќе го прилагоди својот програм за купување на активи како би ги турнала на повеќе долгорочните каматни стапки, што е потег кој ќе им помогне на институционалните инвеститори како што се банките и осигурувачите.
Во соопштението се прецизира дека БоЈ (Банката на Јапонија) ќе продолжи да купува активи како државни обврзници, во настојување да ја оствари целната инфлација од 2,0 посто, која, како што велат, може да помогне во поттик на одржлив раст.
Како што пренесоа светски агенции, главниот индес на Токиската берза Никеи 225 скокнал 1,37 отсто после соопштението на Банката на Јапонија, бидејќи инвеститорите го поддржале потегот на централната банка да ја победи дефлацијата.
Доларот рано утрово скокнал на 102,64 јени од претходното ниво од околу 101,66 јени.
„Фактот дека БоЈ вети дека ќе ја задржи постоечката политика се додека не ја постигне целната инфлација од 2,0 отсто може да се протолкува како ширење на нејзините политики на олеснување“, вели Јасухиде Јаџима, главен економист на НЛП институтот за истражувања.
Акциите на банката биле меѓу најголемите добитници на берзата бидејќи БоЈ се воздржала од спуштање на референтните каматни стапки длабоко во негативна зона.
