КАКВА ОБЛЕКА ИЗБРА СОПРУГАТА НА ЃОКОВИЌ ЗА СВАДБАТА НА ДЕВЕРОТ - српски Курир со фотографии
Најмладиот брат на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе Ѓоковиќ и неговата избраничка, се заколнаа на вечна љубов пред Бога во црквата Свети Марко.
На свадбата присуствуваат само најблиските членови на семејството, пријателите и кумовите. Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена со децата беа меѓу првите кои пристигнаа пред црквата.
Тенисерот за оваа свечена пригода избра темен костум, додека Јелена облече бела кошула, крем панталони и кремасти сандали со потпетици.
Кога доаѓаа, Јелена силно го прегрна Ѓоле и не ја симна насмевката од лицето, додека Ноле им даваше пари на трубачите.
Набргу со комбе пристигнаа и родителите, таткото Срѓан и мајката Дијана, кои за оваа пригода избраа долг кралско син фустан.
Слично
