Каква ќе биде потрошувачката на природен гас догодина?
Глобалната побарувачка за природен гас се очекува да се зголеми во 2017 година.
Но, тоа ќе биде помалку од последните години, изјави во Доха министерот за енергетика на Катар, Мохамед Салех Ал-Сада на министерскиот состанок на Форумот на земји извознички на нафта и гас (ГЕФЦ). Сада вели дека треба да се разгледа „долгорочната стратегија” на оваа организација.
„Добра вест е дека во 2015 година побарувачката за природен гас порасна за 1,9%, што е двојно повеќе од 2014 година“ - кажа Сада.
Катар е најголемиот светски извозник на течен природен гас.
Организацијата GECF има 12 членки, вклучувајќи ги и Русија, Катар, Иран и Алжир, и обезбедува повеќе од 40% од потребите на светот.
За разлика од Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК, оваа организација не одлучува за производните квоти.
