Каква храна увезува Македонија од поплавените балкански региони?
Строга инспекциска контрола поминуваат сите производи кои се увезуваат од поплавените региони, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски.
„Од наша страна е подигнат степенот на контрола онаму каде што се очекува дека може да настане опасност. Доколку за одредени производи се процени дека постои ризик од внесување на одредени болести или неисправна храна се подигнува степенот на контрола во насока на зголемување на бројот на мостри кои ќе бидат земени на граница“, вели Рунтевски.
Тој вели дека Агенцијата е во постојана конуникација со надлежните служби во овие држави и е информирана за мерките што тие ги преземаат.
Слично
