Каква економска иднина не чека? Ексклузивно за Фактор од Економскиот самит во Јужна Флорида
„ Мајами е третиот град во САД по работа со готовина.” со оваа реченица го отвори 12тото издание на Економскиот самит на Јужна Флорида претседателот на Стопанската комора на Мајами, Роберто Муњоз.
Роберто Муњоз е и основач на Американската банка на инвестиции со седиште во Тирана, Албанија.
Овогодишениот самит започна со приказ на економските перспективи, а на тема инфлација, побарувачка, понуда и работна сила елаборираа членови на Федералната резервна банка на Атланта. За оние кои немаат детално познавање би сакала да појаснам дека Федералниот Резервен Систем има 12 Федерални Банки, од кои Флорида спаѓа под Федералната Банка на Атланта.
Улогата на Федералната Резервна Банка во САД е одржување на стабилност на цените и максимум вработувања.
На тема работа и работна сила можевме да слушнеме дека работа се нуди, исто така има и побарувачка за голем број технолошки обучени кадри, но постои огромен недостаток од истите.
Постои значителна побарувачка од преквалификација на кадри во САД за да се задоволи потребата од ИТ обучен кадар. Отворањето на центри како Creative Hub е токму тука за да ја задоволи оваа потреба.

Презентерите од ФРБ елаборираа дека забележан е раст на платите, но истиот не ја задоволуваат инфлацијата.
Иако БДП се нормализира после двегодишен пад, сепак се соочуваме со 7.5% инфлација ( во која не влегува трошокот за храна и електрична енергија) .Анализите покажуваат дека цените на храна и нафтен гас ќе ја надминат одржливоста на индивидуален приход.
Во 2023 не очекува зголемување на цените, иако до сега бележиме зголемување на 5% споредено со лани. Ова се должи на недостатокот на страната на понудата, и доколку оечкуваме нормализирање на цените во следните години треба да се зголеми понудата, а да се намали побарувачката.
Повеќе од 70 отсто на испитаниците одговориле дека потрошувачката кошничка се зголемила за 5 отсто во САД.
Во анализата интересен беше податокот дека конфликтот помеѓу Русија и Украина беше рангиран на високо 4ти место како причина за нестабилност, иако како што елаборираа и учесниците на панелот нема толку силно дирекно влијание во Јужна Флорида.
По Економскиот преглед, следеше сесија на развој на технологијата, Мајами е најбрзо растечкиот град според технологија во САД. Голем број капитални и инвестициски компании токму се позиционираат во Мајами, и над 20тина стартапи во 2022 година доживаа unicorn статус * валуација од над 1 милјарда долари.
Последната сесија беше наменета за иднината на работната сила, претставници од Fortune500 компании дебатираа на тема, дали во иднина не очекува хибриден режим, онлајн работа или пак сите ќе се вратиме во канцеларија.
На овој панел имав шанса да го прикажам и нашето искуство како компанија која вработува луѓе од помали градови во Македонија и Косово.. Начинот на кој треба да се базира фактот каков тип на договор и бенефити ќе им понудиме на нашите вработени треба да биде според нивниот перформанс, а не според лични преференци. Секој менаџер ќе се сложи дека доколку вработениот се докажал дека може да работи без супервизија “од дома”, вреди да му излеземе во пресрет и да му го дозволиме тоа. Но, доколки компанијата во било кој момент почуствува дека тоа се злоупотребува треба да го задржи правото да го прекине тој непродуктивен начин на работа.
Иновативен како и технолошката визија на Мајами, самитот заврши со гејмификација односно со играње на игра за како е да се работи бизнис во Мајами.
Оваа колумна ќе ја завршам со тоа што ќе Ве предизвикам да одговорите на
прашањето, кој е најголемиот предизвик да се има компанија во Мајами?
Трошок за плати? Пристап до талент? Пристап до финансии? Трошоци за кирија и струја?
Трошокот за кирија и струја, кој го рангираше Мајами за најскап град во Америка според цените на пазарот за недвижнини, е токму причината зошто многу не би се осмелиле да отворат бизнис во Мајами.
Но, отвореноста на бизнис сцената, Комората на која сме членки, пристапот на помош, пристапноста на луѓето што живеат тука, тоа е причината зошто отворивме бизнис во Мајами за кој имаме визија да прерасне во глобална успешна приказна.
За Фактор од Мајами,
Аријана Коскарова
