Каква е состојбата на фрленото дете од скопски Хиподром?
Поради крварење во главата фрленото дете од тераса во скопски Хиподром морало да биде итно оперирано.
Медиумите пренесуваат дека засега детето е во стабилна состојба , за разлика од неговата мајка која сè уште е во тешка состојба и е на интензивно лекување на КАРИЛ.
Детето се здоби со сериозни скршеници на главата при што искрварило во текот на ноќта и морало да биде оперирано.
Монструознот чин во драмата која се одвиваше вчера утрото во скопски Хиподром наиде на осуди од јавноста, психолзите и воопшто секој еден човек.
Настанот се случил после семејна расправија кога таткото заминал на работа, а мајката излегла на тераса и почнала да вика по него дека ќе го фрли детето а така и направи, а после половина час и таа самата скокна.
Падот на детето бил ублажен од жиците за сушење алишта од подолните катови и падна во рацете на татко си и соседот.
