Каков став ќе заземе Либија за нафтата?
Либија нема да се приклучи на одлуката за намалување на производството на нафта.
Можните ограничувања ќе бидат дискутирани од ОПЕК во текот на неделата.
Либија нема да го прифати предлог на ОПЕК за намалување на производството на нафта, стана јасно од изјавата на Националната нафтена корпорација (NOC), цитирана од Ројтерс. Земјата ќе се обиде да се врати на нивото на производството пред воениот конфликт.
„Либија е во опасна економска ситуација. Нема начин да учествува во политика на ОПЕК за намалување на производството во блиска иднина"- коментира претседателот на NOC, Мустафа Сана.
Од септември Либија го удвои дневното производство на нафта до 600.000 барели, откако беа укинати некои блокади на нафтените капацитети во земјата. Триполи сепак е далеку од нивото во 2011 година, кога во земјата се добиваа по 1,6 милиони барели на ден.
Прашањето за замрзнување или дури намалување на производството на нафта ќе биде разгледано на седницата на ОПЕК, што ќе се одржи на 30 ноември во Виена. Можно е да се постигне решение во таа насока, но од него да бидат исклучени Либија и Нигерија, каде ископувањето исто така беше погодено од конфликт.
