Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каков план има ЕУ за гасот?

Каков план има ЕУ за гасот?

Европската Унија(EУ) има нов план за гасот. 

Европската комисија(ЕК) сака да се откаже од правилата на ЕУ за пазарна конкуренција за да им овозможи на владите да ги ограничат потрошувачките цени во случај на намалување на испораката на руски гас, објави германскиот весник „Велт ам зонтаг" цитирајќи документ на комисијата за „краткорочни интервенции на енергетскиот пазар".

Земјите кои се членки на ЕУ треба да им се дозволи да ги регулираат потрошувачките цени за време на периодот на транзиција. 

ЕК овој месец треба да претстави детален план за ставање крај за увоз на руските фосилни горива до 2027 година, како одговор на руската инвазија на Украина која испорачува 40 отсто од гасот на ЕУ.

Цените на природниот гас денеска пораснаа откако руската државна компанија Гаспром објави дека повеќе нема да го испраќа тоа гориво во Европа преку гасоводот во Полска поради санкциите наметнати од Москва кон европските енергетски компании.

Слично

Поврзани вести