Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКОВ ПАД: За еден ден збришани скоро 100 милијарди долари на криптопазарот

КАКОВ ПАД: За еден ден збришани скоро 100 милијарди долари на криптопазарот

Oколу 98 милијарди долари се избришани од целиот крипто пазар за 24 часа до утрово, пренесува CNBC.

Биткоинот падна за повеќе од 6 проценти на 29.998 американски долари, етерумот потона скоро 9 проценти, додека XRP се сруши скоро 10 проценти, покажуваат податоците од платформата КоинДеск.

Падот на биткоинот се случи по големата распродажба на глобалните берзи.

Од средината на април годинава, кога достигна вредност од скоро 65.000 американски долари, биткоинот падна за повеќе од 50 проценти досега.

Експертите велат дека постои загриженост за квалитетот и силата на економското закрепнување. 

Тоа впрочем предизвика голема распродажба на глобалните пазари на капитал и пад на вредноста на ризичните средства, објаснува Анабел Хуанг, партнер во групата Амбер за финансиски услуги во тргувањето со криптовалути.

„Со неодамнешното ослабување на биткоинот, ова само дополнително го намали криптопазарот“, додаде таа.


Слично

Поврзани вести