КАКОВ КРАЈ: Фијаско на странскиот кризен инжињеринг?
СДСМ нема оди на избори, објави лидерот на партијата Зоран Заев, на прес конференција по распуштањето на парламентот.
„Без слободни избори нема слобода. Еден човек, еден глас. Овој принцип требаше да се обезбеди со договорот од Пржино. Никола Груевски го цело време го крши договорот. Зборот навистина е збор. Во име на демоктратијата СДСМ нема да учествува на овие лажни избори“, изјави синоќа лидерот на СДСМ Зоран Заев. Пртеходно, Собранието се распушти, а опоизицијата не беше присутна..Од ВМРО ДПМНЕ немаше никаков коментар, но затоа од седиштето на партијата ечеше партиската химна.
Избори без опозиција
Лидерот на социјалдемократите Заев најави дека опозицијата нема да учествува на парламентарните избори закажани за 05 јуни 2016 година. Причина, не прочистен избирачки список, без медиумски реформи и не одвојување на државата од партијата.
„Остануваме, на барањето за чист избирачки список и регулација на медиумите, тоа се основите за фер и демократски избори во Република Македонија. Секогаш постојат начини да се избориме за демократија и за слобода“, рече Заев.
ВМРО ДПМНЕ во еуфорична атмосфера
Во доцните вечерни часови, откако Собранието се распушти, а Заев најави дека нема да учествуваат на избори, од партијата на власт ВМРО ДПМНЕ немаше никаков коментар. Од седиштето на партијата единствено ечеше партиската химна, а низ улиците на Скопје десетици возила од чии прозори се вееа партиските знамиња на ВМРО ДПМНЕ се славеше со свирење.
Илија Димовски на ФБ
Собранието се распушти. Македонија ќе гласа, граѓаните ќе победат!, напиша на својот фејсбук профил Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ.
Собранието се распушти, опозицијата не беше присутна
Претседателот на Собранието, Трајко Велјановски им се заблагодари на пратениците за соработката, а неговите колеги од партијата го поздравија со аплауз.
„Благодарам за вашата соработка и што бевте дел од овој парламентарен состав, горд сум на успесите што ги постигнавте, и ви посакувам да придонесуваме за стабилна иднина“, потенцираше Вељановски. Опозицијата не беше присутна на распуштањето, а присуствуваа координаторите на пратеничките групи на ДУИ и ДПА, Талат Џафери и Имер Алиу, како и независните пратенички. Оставките на министрите на СДСМ и дополнителните заменици не беа констатирани.
Чичаковски од ДИК - не потпишувам список без прочистен список
Ако остане само еден спорен гласач нема да го потпишам Избирачкиот список и апелирам со сите институции да соработуваат, изјави претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски. Тој ја даде изјавата по седницата на која беше усвоен Извештајот за административните и теренските проверки. Според Извештајот, најспорни се проверките на 72 илјади избирачи кои ги има само во базата на податоци на МВР, а не и во другите бази, односно основата за добивање живеалиште. Дел од членовите се уверени дека МВР може да ги провери за еден ден, иако до сега се проверени само 12,4 одсто од барањата за патни исправи.
Се чека став од меѓународната заедница
Она што денес го очекува јавноста е коментарот на меѓународната заедница по однос на одлуката на опозицијата за бојкот на претстојните парламентарни избори, како и за распуштањето на Собранието. Дали доколку остане ваква ситуација, меѓународниот фактор ќе даде легитимитет на избори без учество на опозицијата. Според информациите, американскиот амбасадор и амбасадорот на ЕУ, во текот на вчерашниот ден имаа слина дипломатска мисија, кај сите политички чинители, особено кај потписничките на договорот од Пржино. Во текот на вчерашниот ден, изјава даде само британскиот амбасадор Чарлс Гарет, но тоа беше во текот на денот, пред распуштањето на Собранието и пред Заев да обелодени дека опозицијата нема да учествува на не фер избори.
„Моментално се работи на многу работи, сепак остануваат доста обврски да се завршат. Постојат уште 60 дена пред изборите, но јас сум уверен, дека доколку сите лица и институции ја вршат својата работа, дека е возможно да има веродостојни избори кои ќе се одржат на 5 јуни.“, рече Гарет.
Комплицирана ситуација - криза во криза, што со СЈО
Во овие моменти Македонија е во комплицирана политичка ситуација. Многумина од јавноста во прашање го доведува и понатамошното функционирање на Специјалното јавно обвинителство, имајќи ја во вид актуелната политичка констелација, со оглед на фактот дека Пржинскиот договор е сериозно разнишан. Возможно ли е преку Уставниот суд да биде суспендирано постоењето на специјалното јавно обинителство.
Р.Ф
Слично
