Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каков кадар се бара за работа во Кина?

Каков кадар се бара за работа во Кина?

Според искуството на оние кои веќе работеле во Кина, работа може да се најде но под услов добро да го зборувате англискиот јазик. 

Во оваа земја најмногу се бараат професори по англиски јазик. Предност имаат оние кои доаѓаат од западните земји каде англискиот е мајчин јазик, но и сите оние кои положиле ТОЕФЛ тест. 

Просечната нето плата во Кина е 3.200 евра. Правници, доктори и менаџери важат за најплатени професии во Кина.  Правник зема плата од 5.273 евра, менаџери 5.683 евра, а доктори 5.850 евра. Уметниците заработуваат по 3.410 евра, информатичари 3.600, фармацевти 4.245 евра, инженери 4.454, графички дизјанери 5.131 евро. 

Во туризмот, архитектурата и угостителството се заработува четири пати помалку. 

Луѓето кои веќе работеле во Кина раскажуваат дека и 300 евра можат да бидат доволни за живот затоа што кириите се движат од 150 до 400 евра зависно од тоа за колкав простор се работи, а другите трошоци за станот се од 40 до 60 евра. 

Интересно за Кина е тоа што вработените не земаат бакшиш и го сметаат давањето бакшиш за навредливо. 



Слично

Поврзани вести