Каков договор за нафтата постигнаа членките на ОПЕК+?
Земјите-членки на ОПЕК+ денеска постигнаа договор за одржување на стабилно производство на нафта и покрај тензиите меѓу Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати(ОАЕ), еден ден откако САД го уапсија венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
Средбата на осумте членки на ОПЕК+, Саудиска Арабија, Русија, ОАЕ, Казахстан, Кувајт, Ирак, Алжир и Оман, кои произведуваат околу половина од светската нафта, се одржа по падот на цените од повеќе од 18 проценти во текот на 2025 година, што е најголем пад од 2020 година, поради загриженост за прекумерна понуда на пазарот, јавува телевизијата BFM.
Земјите-членки на ОПЕК+ ги зголемија своите цели за производство на нафта за околу 2,9 милиони барели дневно помеѓу април и декември 2025 година, што претставува речиси три проценти од светската побарувачка за нафта.
foto freepik.com
