Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каков чекор бара Анѓушев да преземат косопствениците на неговите фирми?

Каков чекор бара Анѓушев да преземат косопствениците на неговите фирми?

Повик до косопствениците на неговите фирми да ја преиспитаат одлуката за аплицирање на мерките од Планот за економски раст и да се повлечат упатува вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Тој во изјава за МИА вели дека Планот за економски раст од владината економска политика ги има предвид еднакви услови и фер третман за сите, па оттаму посочува дека не смее да се дозволи  каква било дамка на целиот процес .

„Транспарентни кртериуми, јасно дефинирани услови и фер шанса за сите кои ги исполнуваат – тоа се принципите врз кои ја градевме програмата за економски раст а јас сум убеден дека економија изградена на поддршка на компании кои се развиваат е успешна економја која нуди повисоки плати и подобар животен стандард за граѓаните“-вели Анѓушев.

Анѓушев вели дека сите негови фирми се уредно пријавени во анкетниот лист, и согласно законот, откако ја доби функцијата целосно се откажал од управувачките функции. 

Додава дека и целосно ја продал ЕДС но дека фирмите во кои е делумен сопственик треба да имаат еднаков третман со сите други.


Слично

Поврзани вести