Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каков бил прометот во трговија на мало во август?

Каков бил прометот во трговија на мало во август?

Трговијата на мало во неколку сектори се зголемила минатиот месец. 

Трговијата на мало, во август 2016 година,  во споредба со август лани гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во  групите: трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 11.4%, а реално за 11.8%), трговија на мало  со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 25.0%, а реално за 24.0%) и трговија на мало, освен  трговија со горива (номинално за 18.6%, а реално за 18.4%).

Ова се гледа од податоците објавени од Државниот завод за статистика. 

Претходно, во групата „трговија на мало со храна, пијалаци и тутун“ во јули годинава споредено со јули лани е евидентирано зголемување на прометот, номинално за 7,2 процента, а реално за 7,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во  „трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво“,  во јули годинава во однос на јули лани има зголемување на прометот номинално за 19,7 проценти, а реално за 18,8 проценти,  а во „трговија на мало, освен трговија со горива“ номинално за 14 проценти, а реално за 13,9 проценти.



Слично

Поврзани вести