Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каков бил индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември?

Каков бил индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември?

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември 2016 година е за 0.6 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во  однос на септември 2015 година е зголемен за 5.5 процентни поени. 

Ова е наведено во Државниот завод за статистика. 

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во септември 2016, во однос на август 2016 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се речиси на исто ниво како  во претходниот месец, а залихите на готовите производи сe намалени. 

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во септември 2016 година е поповолна во споредба со  претходниот месец, а многу поповолна во однос на септември 2015 година. Оценката за бројот на вработените  е дека ќе се зголеми. 

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември 2016 година изнесува 65.6% од нормалното искористување. 

Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната  странска побарувачка со 21.2%, недоволната домашна побарувачка со 18.9% и недостигот на квалификувана работна сила со 15.0%.

Слично

Поврзани вести