Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАКО „ЗАРА“ НАЈДЕ НАЧИН ДА ОСТАНЕ ВО РУСИЈА: На пролет други брендови се враќаат под нови имиња

КАКО „ЗАРА“ НАЈДЕ НАЧИН ДА ОСТАНЕ ВО РУСИЈА: На пролет други брендови се враќаат под нови имиња

Шпанскиот моден конгломерат Inditex, кој поседува брендови за облека како Zara, Massimo Dutti, Pull & Bear, Oysho, Bershka и Stradivarius, постигна прелиминарен договор за продажба на својот руски бизнис.

„Inditex постигна првичен договор да го продаде својот бизнис во Руската Федерација на Daher Group... Условите на трансакцијата, кои подлежат на одобрение од владата, ќе овозможат зачувување на значителен број работни места создадени од групацијата во Русија, бидејќи тоа вклучува пренос на повеќето закупи кои се однесуваат на продавниците“, се вели во соопштението на групацијата објавена на нејзината веб-страница во вторникот, пишува RT.

Изворите велат дека Daher Group веќе ги поседува правата на франшизата на Zara и Massimo Dutti за Блискиот Исток.

Inditex ги прекина своите активности во Русија на 5 март, а договорот со Дахер ќе значи дека компанијата целосно ќе ја напушти земјата. Сепак, компанијата навести дека нејзините брендови сепак би можеле да се вратат во Русија преку „потенцијална соработка преку договор за франшиза“ со Дахер.

Претходно Форбс објави, повикувајќи се на извори од компанијата, дека четири брендови - Zara, Pull&Bear, Bershka и Stradivarius - ќе се вратат во Русија следната пролет под нови имиња.

Во текстот се потсетува дека Inditex ги затвори своите продавници во Русија веднаш по почетокот на руската инвазија во Украина. Пред тоа, во Русија работеа повеќе од 500 продавници од различни брендови на шпанскиот холдинг, што донесе околу 8,5% од глобалниот профит.

Загубите на Inditex, во случај на целосно повлекување од рускиот пазар, се проценуваат на 300 милиони долари.

ФОТО: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Слично

Поврзани вести