Како за само 10 секунди да го намалите високиот крвен притисок
Доколку ве мачи крвниот притисок дефинитивно мора да ги промените навиките во исхраната и пред се да го намалите внесувањето на соли и маснотии и да го зголемите внесувањето на вода во организмот. Но, освен тоа, во борбата против овој „тивкиот убиец“ ќе ви помогне и уште еден, миризлив зачин.
Неколку истражувања потврдија дека систолниот (висок) и дијастолниот (низок) крвен притисок, можат да бидат намалени со помош на познатиот зачин – цимет.
Доколку додадете два грама (или половина мала лажичка) цимет во вашата дневна исхрана, полесно ќе го контролирате високиот крвен притисок.
„Топло го препорачувам вклучувањето на циметот во исхраната, но немојте да мислите дека само со тоа ќе успеете да го намалите крвниот притисок. Храната во целина треба да се прилагоди на здравствената состојба. Вежбите се исто така неопходни, бидејќи нив сигурно ниту еден зачин нема да може да ги замени“, пишува авторот на книгата „The SooperfoodsRr Diet“, Венди Бразилиан.
Освен во десертите, циметот лесно можете да го додадете во појадокот па со него да го посипете кафето или јогуртот со житарици. Исто така, и исеченото овошје, како крушки и јаболки, можете да го зачините со овој миризлив лековит прав.
