Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како војната во Украина ќе ги поскапи автогумите?

Како војната во Украина ќе ги поскапи автогумите?

Украина е многу голем извозник на железо. Војната, меѓудругото, ги запира испораките на железна суровина за производство на арматури за автогуми. Ова ќе направи недостиг на суровина кај целата индустрија за автогуми во централна и источна Европа. Во крајна линија ќе го намали изборот и ќе ги зголеми цените на автогуми

Воената состојба во Украина, меѓу другото, негативно ќе се одржи и на пазарот на гуми за автомобили, товарни и патнички возила, тврдат познавачи на овој бизнис кој во Македонија на годишно ниво создава промет од околу 30 милиони евра.

Во услови на општа неизвесност во сите сфери на бизнисот предизвикан од цените на фосилните горива и на струјата дополнителен „тригер“ е блокадата на извозот на железо и легури од Украина. Познавачите тврдат дека Украина е најголем извозник на железо во земјите на источна, југоисточна и јужна Европа и е најконкурентна заради близината и цените на транспорт на оваа суровина. Меѓу другото железото е репроматеријал и во индустријата на автогуми и речиси сите фабрики за производство на гуми за арматура користат железо произведено во Украина.

Нашите соговорници анализираат дека на краток рок недостигот на железо ќе предизвика застој или промени на плановите за производство на нови гуми во фабриките во овој дел на Европа. Намалената понуда на пазарот на гуми ќе направи дебаланс на пазарот на авто гуми. Дури и во услови на иста побарувачка што значи дека трговците кои и сега се соочуват со зголемени трошоци за работа (предизвикани од цените на струјата и нафтените деривати) ќе бидат принудени да ги зголемат цените.

Дополнително доколку безбедносната состојба во Украина не се нормализира, а засега нема индициии дека тоа може да се случи, железото за араматура во гумите ќе мора да се набавува од други добавувачи. Тоа дополнително ќе го отежне и ќе го направи поскап производниот процес.

Не се исклучува опцијата дека ова на среден рок остава простор зазголемување на нарачките за гуми од азиски производители со дискутабилен квалитет кои во случај на поскапување на европското производство може да се наметнат како најповолен избор.

Засега сите се воздржуваат од официјални коментари за железната криза која е резултат на воената криза во Украина. Но се согласуваат дека намалувањето на залихите во услови на намалено производство и економски и безбедносни неизвесности ќе предизвика дисторзии на пазарот. Од друга страна пак истите извори велат дека е можно растот на цените на автогумите да не биде интензивен затоа што ќе биде суспендиран извозот на гуми од европските земји за Русија која е под економски санкции заради воените операции во Украина.

Но сите се сложуваат дека кризата со производството на железо ќе предивика проблеми во индустријата на производство на гуми во поголемиот дел на европскиот континент.

На македонскиот пазар годишно се продаваат авто гуми во вредност од околу триесетина милиони евра. Најголеми снабдувачи на пазарот се домашни фирми меѓу кои најголем е скопски „Мотоцентар“, а негови конкуренти се Пнеуматик ТДА, и „Олимпико“. Во групата на поголеми компании на нашиот пазар се „Бибај“, „Агрогума“ и „Транзит“.

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести