Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како уапсените македонски џихадисти планирале да стигнат до боиштата во Сирија?

Како уапсените македонски џихадисти планирале да стигнат до боиштата во Сирија?

Во Турција се уапсени петмина македонски млади лица кои планирале да и се приклучат на Исламската држава во Сирија, и се екстрадирани во Македонија.

Ова утринава го соопшти министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

Осомничените тргнале за Турција со намера да се вклучат во редовите на џихадистит ево Сирија, изјави Чавков на прес-конференција во Скопје, прецизирајќи дека тоа биле млади лица на 18 - 24 годишна возраст. Двајца од нив се тешко повредени откако се обиделе да побегнат при апсењето.

Младите се приведени на 12 август во Истанбул, додека чекале заедно со еден Албанец, еден Сириец, еден Палестинец и еден Мароканец да бидат префрлени во Сирија. Патувањето кон Сирија било организирано од Македонци џихадисти, кои веќе биле во Сирија, пред да се вратат во Македонија, додаде министерот Чавков.

Според надлежните близу 160 се македонските граѓани кои се приклучиле на исламистите, за да се борат во Ирак и во Сирија. Повеќето од нив се регрутирани меѓу албанската заедница, која е една четвртина од 2,1-милионското население на Македонија. Чавков прецизира дека 25 загинале и педесетина сеуште се на фронтот. Неодамна македонскиот претседател Ѓорге Иванов изјави дека 86 од нив веќе се вратиле во земјата.

Слично

Поврзани вести