Како целo бугарско село се исели во Шпанија?
Некогаш убавото и полно со луѓе село Стоманово во Бугарија, веќе е во графата на испразнети села.
Околу 200 семејства го напуштиле во последните 10 години, а регионот се повеќе се запустува. Жителите заминале за Шпанија, а тука останале само старите кои ретко излегуваат дури и од своите домови.
„Најмногу се во Шпанија, град Барбастро. Таму заминаа, а така се затвори и училиштето. Оние кои заминаа во Шпанија се ниско квалификувани. Жените работат како чистачки и негувателки, мажите во градежништвото“ - велат жителите на селото.
Сепак, никој од нив не се враќа назад. Секоја година од мапата на Бугарија исчезнува по едно село. Голем дел од жителите на ова село го продале земјиштето и имотите, за да купат стан во Шпанија.
