Ако вака масовно гласаа болните и изнемоштените, како ли ќе биде утре?
Порасна бројот на болни и изнемоштени лица во Кочани, Делчево, Берово, Чешиново и Облешево. Тие еден ден пред останатите избирачи можат да гласаат во вториот изборен круг на изборите за градоначалници во своите општини.
Така, во Берово во првиот круг имало пријавено 361, а во вториот круг 404 болни и изнемоштени лица, а во Делчево бројката од 474 за вториот круг изнесува 514, додека во општината Чешиново Облешево денеска гласаат 77 граѓани, односно бројката пораснала за 13 нови болни или изнемоштени лица.
Бројот на болните кои денеска гласаат во Велес, за разлика од првиот изборен круг е зголемен за 203 гласачи, односно можност за гласање денеска добија вкупно 878 лица.
Покрај во општините во источна Македонија, зголемен број на оние кои гласаат денеска има и во Битола и Ресен. Во Битола денеска дека ќе гласаат пријавиле 206 лица или за 44 повеќе од првиот круг. Во Ресен, 300 лица се пријавиле како болни или изнемоштени од околу 11 илјади жители. Од комисиите велат дека барањата за предвремено гласање се проверуваат врз основа на лекарските извештаи и тогаш се одобрува.
Според законските одредби, еден ден пред изборите, гласаат болните и изнемоштени лица, оние во казнено поправните домови како и раселените. Денеска право на глас денеска имаа и околу 1.000 затвореници и 73 раселени лица.
Гласањето мина без поголеми проблеми, освен што и денеска, како и во првиот круг, имало гласачи што не можело да бидат најдени во Избирачкиот список. Дали денешеното гласање е увертира во уште поголема излезност на изборите што ќе се одржат утре, останува да се види, иако за стручњаците е симптоматично што бројот на гласачите болни нагло се зголеми меѓу двата изборни круга.
Слично
