Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како Трамп може да го повлече САД од НАТО и дали сојузот ќе опстои?

Како Трамп може да го повлече САД од НАТО и дали сојузот ќе опстои?

Џо Бајден кога стана претседател во 2020 година се обиде да постави институционални кочници за САД да не може со едноставна одлука на еден американски претседател да го напушти НАТО или да излезе од меѓународните договори кои ги има потпишано, но дали тоа е доволно да го спречи актуелниот американски претседател Доналд Трамп да го растури најмоќниот воено-поиитпли сојуз.

Како да го предвидоа токму ова сценарио тогаш демократите на Бајден поставија услов за двотретинско мнозинство во Сенатот на САД за одобрување на одлуката на американскиот претседател за напуштање на САД, но Доналд Трамп има начини како да го заобиколи овој услов.

Администрацијата на Трамп нема големи симпатии кон НАТО и повеќе меѓународни организации за кои смета дека се непотребни бидејќи не им служат секогаш на интересите на САД. Трамп исто така се однесува трансакциски и кон најблиските западно сојузници и ги критикува идентично како за трговските односи така и за воената соработка.

Меѓутоа претходните искуства на воени коалиции за војните на САД на Блискиот Исток оставија лоши трагови во колективната меморија по катастрофите во Ирак, Авганистанските, Сирија како и во Либија, Јемен, и другите земји кои беа опфатени од Арапската пролет или промена на режимите.

САД не тргнаа да градт воена коалиција со традиционалните партнери како Велика Британија, Канада, Австралија и останатите сојузници пред да го нападнат Иран, и единствено соработуваат со Израел, земја која има свои непосредни интереси и цели во регионот.

Има ли живот без НАТО?

Недостигот на поддршка за војната врз Техеран повторно го става во прашање опстанокот на трансатлантското сојузништво, особено што Европа се соочува со нова енергетска криза и загрозување на економските интереси. Европа е меѓу чеканот и наковалната, и не може да се потпре на сигурни испораки на нафта и природен гас од земјите од Блискиот Исток преку американските компании, ниту пак да увезува енергенси од Русија поради војната во Украина.

Трамп исто така ги критикуваше и сојузниците во Азија како Јапонија и Јужна Кореја кои имаат големо присуство на американски трупи за заштита од можна инвазија или напади од нуклеарната сила Северна Кореја. 

Претседателот Трамп за возврат очекува да понудат воена помош за Америка додека се обидува да го принудат Иран да го отвори Хормускиот Проток, низ кој поминуваат клучните рути за транспорт на нафта, но и други критични суровини. 

Трамп може да се повика на неговите овластувања како врховен командант на САД за да го напушти НАТО и да не одговара пред Конгресот, но и да не се реши на така драстичен потег, алијансата може да се доведе до рамниште на клиничка смрт.

Без заштитата од НАТО во подредена положба ќе биде доведена Европа, особено во контекст на руската агресија, што може да ги засили ризиците од проширување на конфликтот во балтичките, нордиските и источноевропските земји. 

Макрон кога повикуваше да се формира европска армија многумина го гледаа со потсмев, но најверојатно тоа ќе биде новата европска реалност, неизбежно вложување во воените капацитети што повторно ќе биде на штета на економските и социјалните програми кои ја направија Европа многу комотна, особено западниот дел на континентот.

Дури и европските и азиските сојузници да го „преживеат“ Трамп, многу веројатно е дека тие сојузништва ќе бидат сериозно преиспитани и ќе се бараат други алтернативи за воена заштита и соработка, што може трајно да ги наруши односите со САД дури и во иднина да дојде на власт друг претседател кој ќе сака да го зајакне НАТО или останатите меѓународни организации во кои Америка имаше клучно присуство и влијание.

Х.С.

Слично

Поврзани вести