КАКО „ТЕТЕКС“ ОСТВАРИ ДВОЈНО ПОГОЛЕМА ДОБИВКА - за девет месеци профит од 1,3 милиони евра
Компанијата „Тетекс“ ги објави преку Берзата финансиските резултати остварени во првите три квартали од годинава.
Тие покажуваат дека за девет месеци од годинава компанијата остварила добивка од 1,32 милиони евра, што е речиси двојно повеќе во однос на остварениот позитивен финансиски резултат во текот на истиот период од минатата година.
Како што е познато, оваа компанија пред извесен период ја напупшти својата основна дејност, а тоа е текстилот, но покажа дека може и со другиоте дејности кои ги извршува успешно да стопанисува.
Од што ги оствари „Тетекс“ своите приходи во периодот од јануари заклучно со септември годинава?
Како што може да се види од објаснувањето од компанијата, тука влегуваат приходи од кирии, услуги, продажба на готови производи и стоки, потоа продажба на недвижен имот од безмалку 392 илјади евра, но и значаен финансиски приход е остварен од примени дивиденди од 1,08 милиони евра, при што има значајно зголемување на овие приходи од минатата година.
„За периодот јануари-септември 2021 година компанијата оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех. Приходите остварени од продажба на готови производи и услуги се 35.837 илјади денари, и тие се резултат од редовното работење, во што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на готови производи и стоки. Во останатите оперативни приходи е вклучена продажбата на недвижност во износ од 24.080 илјади денари (392 илјади евра - н.з.). За тековниот период се евидентирани финансиски приходи од примени дивиденди во износ од 66.471 илјади денари (1 милиони евра - н.з.), додека финансиските приходи од примени дивиденди минатата година изнесуваа 41.560 илјади денари“, се вели во образложението на финансискиот резултат од „Тетекс“ доставено до Берзата.
На расходната стрсана, пак, остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари - септември 2021 година изнесуваат 40.388 илјади денари и во споредба со истиот период во 2020 година бележат намалување за 53 проценти, односно за поверќе од половина.
Нa 30 март, годинава, пак, е одржано Годишното
Собрание на акционери, на кое се одлучи за распределба на дивиденда, која е исплатена, а изнесувала 45.559 илјади денари.
„Во периодот нема вложувањаво материјални средства. Реализирана е продажба на недвижности, за што е остварен приход од 24.080 илјади денари“, се вели во образложението.
Исто така, во овој анализиран период немало задолжувања по нови кредити.
Како резултат на сето ова, во првите девет месеци од годинава е остварена добивка од 1,32 милкиони евра, наспроти 786 илјади евра остварено во исдтиот период минатата година.
„Оперативната добивка на периодот изнесува 81.464 илјади денари, наспроти оперативната добивка од 48.358 илјади денари во истиот период минатата година“, се вели во образложението.
Н.Н.Ф.
