Како Сугарески ќе ги билда капиталните инвестиции?
Слаба реализација на капиталните инвестиции ама надлежните убедени дека бројките ќе се поправат.
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески се надева дека изградбата на патиштата ќе ги зголеми бројките кои се катастрофални и во вториот месец.
Најавите на Владата се дека годинава ќе биде економска година а оптимисти се и експертите од кои многумина тврдат дека градежништвото повторно ќе биде мотор на растот. Тоа треба да ги набилда и капиталните инвестиции, но останува да се види дали тоа навистина ќе биде така.
Само 3,53 отсто од предвидените капитални расходи за годинава биле потрошени до крајот на февруари годинава а извештајот за реализација на буџетот покажува дека динамиката на слаба реализација на овие трошења која траеше цела мината година продолжува и годинава.
