Како студенти случајно ја најдоа G точката на Европа?
Двајца студенти од Литванија случајно ја најдоа G-точката на Европа. Станува збор за креативен маркетинг постер изработен за време на студиите како работна задача, но по две години истиот станал толку популарен на социјалните мрежи што и градот Вилнус решил да го користи за промотивни потреби и привлекување на туристи.
„Никој не знае каде е, но кога ќе ја најдете, ќе ви биде преубаво“ тоа е слоганот на постерот со кој се рекламира главниот град на Литванија кој одбележува 695 години од создавањето.
„Ова е големо изненадување и за нас самите. Беше направен одамна, и не очекував дека постерот ќе привлече толкаво внимание денес“ изјави Јургис Раманаускас, еден од двајцата студенти коишто го креирале плакатот.
Слично
