Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како странците побудалеа по македонскиот мермер?

Како странците побудалеа по македонскиот мермер?

Прилепскиот Мермерен комбинат за првите девет месеци од продажба на мермер во странство инкасира 20 милиони евра! Ова е убедливо најдобра година за прилепската компанија во последните 5 години и тоа за 38 отсто подобра од 2014 година која досега била најдоходовна. Годинава Мермерен комбинат прави нето добивка од еден милион евра месечно!

Прилепскиот Мермерен комбинат за првите девет месеци годинава продал мермер во вредност поголема од 20 милиони евра, а од тоа конвертибилна продажба односно извоз е 20 милиони евра или поточно 1,223 милијарди денари, покажуваат официјалните податоци од кварталниот биланс на успех на таа компанија. Нето добивката за овој период е 544,5 милиони денари односно 9 милиони евра односно месечно просечно еден милион евра.

Официјалните податоци за оваа компанија покажуваат дека првите девет месеци се најдобриот период на „Мермерен“ во последните 5 години. Ова е убедливо најголем приход од продажба на мермер, најголем извоз и најголема оперативна добивка и логично најголема нето добивка. Досега најголема нето добивка „Мермерен“ на крај на септември книжел во 2014 година кога профитот бил 387,8 милиони денари (околу 6,4 милиони евра). Годинава е за 40 отсто повисок.

Прилепскиот „Мермерен комбинат“ е компанија во доминантна сопственост на два грчки акционери. Најголем поединечен акционер е грчка компанија специјализирана за обработка и продажба на мермер и украсен камен „Стоун Воркс Холдинг Кооператив„ која поседува 88,4 отсто од акциите со право на глас и грчката деловна банка „Пиреус“ со 10 отсто од акциите. Во „Мермерен“ акции имаат и 89 домашни физички лица кои поседуваат 1,12 отсто од управувачките права. 

Што претходеше на продажбата на „Мермерен“?

„Мермерен“ беше продаден на грчки инвеститори пред повеќе од 17 години. На продажбата и претходеше спектакуларна полициска акција што ја предводеше Љубе Бошковски актуелен политичар кој одлежа затворска казна за поткуп. Во тоа време неколку месеци пред продажбата Бошковски во својство на висок оперативец на МВР изврши претрес во „Мермерен комбинат“ при што беше однесен на распит и тогашниот директор на компанијата Никола Стојков, по што му беше изречена и мерка домашен притвор. Неколку месеци по спектаклот за кој немаше судска разрешница „Мермерен комбинат“ беше продаден на грчки сопственици.

Мермерен комбинат 
(мил. ден.)

2013г.

2014г.

2015г.

2016г.

2017г.

Прих.од продажба

757,6

911,3

743,7

666,1

1.254,9

Странски пазар

722,5

870

705,1

630,2

1.222,8

Операт.добивка

154,4

403,6

306,9

159,1

159,1

Нето добивка

127

387,8

266,3

130,2

544,5

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести