Како стои Еврото по насилниот Каталонски референдум?
Берзите покажуваат знаци на слабеење на единствената европска валута Еврото по насилствата кои избија на референдумот за независност на Каталонија, односно по суровата реакција на шпанската национална гарда.
Инвеститорите кои ги следеа будно настаните во Шпанија, ја намалија довербата во Еврото кое бележи пад од 0,3 проценти и се тргуваше за 1,1773 долари на Азиската берза.
Според трговците на валута засега нема помасовно менување на еврото во други интернационални валути, ниту пак има преселба на капиталот во оф-шор земји или даночни раеви од првичните анализи.
Регионалната влада во Каталонија постои голема веројатно дека ќе прогласи независност што може дополнително да ги искомплицира односите како со Мадрид, така и со Брисел.
Слично
