Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како српскиот динар го „урна“ словенечки Меркатор?

Како српскиот динар го „урна“ словенечки Меркатор?
Словенечката група "Меркатор", денеска објави дека во деветте месеци  од годинава, заклучно со септември забележала загуба од 22 милиони евра. Овие милионски загуби биле резултат на забавената економската активност поради должничка криза во регионот, падот на словенечкиот извоз и увоз, како и неповолното движење на девизниот курс во Србија. “Меркатор“ остварил загуба и покрај тоа што компанијата прикажала пораст на приходите за 0,7 отсто на годишно ниво, искачувајќи ги до 2,1 милијарди евра, што претставува 72,2 проценти од вкупните приходи планирани за оваа година. Податоците покажуваат дека приходите на словенечката групација на домашниот пазар паднале за два отсто, додека на меѓународниот пазар се зголемиле за4,4 отсто. Највисок раст на приходите од 53,7 отсто е забележан во Босна и Херцеговина, што во најголем дел се должи на преземањето на "Дрвопромет".

"Меркатор" за неочекувано слабите резултати вината ја лоцира во должничката криза и падот на вредноста на српскиот динар за повеќе од осум проценти, но во исто време истакнуваат дека во истиот период успеале долгот на групацијата да го намалат  за 42 милиони евра. Покрај тоа, компанијата ја развива својата малопродажна мрежа во овој период, има инвестирано 56.000.000 €, а исто така се прошири на површина од брутомало простор од 43.000 квадратни метри, кој најчесто се изнајмени, се вели во соопштението.

Слично

Поврзани вести