Како Србија стана рекордер по браунфилд инвестиции во светот?
Според извештајот на Financial Times изработен од одделението за аналитика FDI Inteligence Србија е рекордер по бројот на браунфилд инвестиции за изминатата година со вкупно 77 нови проекти или 50 нови инвестиции во однос на годината претходно.
Ваквиот одличен резултат кој ја става Србија високо на мапата на инвеститорите се должи на подобрената законска регулатива, евтината работна сила и пристапот до европските пазари. Практично сите инвестиции во производство на автомобилки и електронски делови и текстил.
Владата на Вучиќ практично зеде многу лекции од политиката за привлекување на странски инвестиции од „учебникот“ на Груевски, но со многу подобри резултати. Секако, придонес има и многу постабилната политичка клима во Србија каде повеќе години доминира партијата на Вучиќ.
Според FDI бенчмаркот кој ги оценува земјите по повеќе основи Србија има најмногу поени и утврдено е дека трошоците за водење бизнис се двојно пониски на пример во споредба со Унгарија или Турција.
