Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како Србија ќе вработи 100.000 луѓе во една сезона

Како Србија ќе вработи 100.000 луѓе во една сезона

Српското министерство труд најави дека оваа година започнува да се применува ваучерскиот систем на пријавување на сезонски работници во рок од 90 дена, што ќе значи околу 100.000 пријавени вработување за неколку месеци, а најголема примена сигурно ќе има во земјоделските и градежните гранки.

„Земјоделството е голем резервоар на сивата економија затоа што проценките се дека во тој сектор неформално работат околу 300.000 луѓе. Никој не е пријавен и државата од тоа нема ниту еден динар“, вели Вулин, додавајќи дека законот ќе биде донесен пред почетокот на новата сезона на земјоделски работи“ изјави министерот Александар Вулин.

Системот на ваучер е предвидено да опфати барем 100.000 луѓе.

„Доколку сите тие работници бидат пријавени барем на минималец, државата би можела да оствари приход кој се мери со милијарди динари. Тоа би било добро за работодавците, а работниците би ги оствариле сите права, би биле осигурани во случај на повреда на работата и би имале уплатени доприноси. Тој систем ќе биде ограничен на 90 дена, за да не се случи да таквата работа стане пракса“, вели Вулин.


Слично

Поврзани вести