Како Србија губи милиони на Коридорот 10
Србија губи над стотина милиони евра, бидејки Коридорот 10 не е завршен. Дефицитот во државната каса би можел да биде и уште поголем со завршувањето на работата на Коридорот 4, кој потполно ја заобиколува Србија.
Иако се свесни дека не може да се заврши со изградбата на коридорот пред 2014 година, надлежните се обидуваат на сите начини да го задржат моменталниот обем на сообраќај. Начинот за да се потигне тоа, меѓудругото е и со забрзување на процедурата, а со самото тоа и на протокот на сообраќај. На пример, на еден од паркинзите покрај автопатот се паркираат голем број камиони, кои се наоѓаат на безбеден паркинг. Тука се паркираат затоа што товарот е безбеден, за разлика од Бугарија или Романија, каде што тоа не е случај.
За сега српските патишта и понатаму се нивниот прв избор.
Проценката е дека во државната каса само од патарина годишно се слеваат 150 милиони евра. Со завршувањето на работата би имале поголем број камиони, но и повеќе пари, барем двојно повеќе.
Трката почнува уште на граничните премини – и царината, и полицијата и фитосанитарната инспекција се обидуваат да завршат што поголем дел од нивната работа за да не се случи товарот од овошје да остане три дена на граничен премин.
Во Белград се следи сè и се реагира при појава на голем застој.
Слично
