Како Србија го ублажи ударот на пандемијата?
Поради набавката на злато во последните неколку години, соседна Србија успеа да обезбеди 31,26 тони и со тоа да го осигура домашниот пазар од прекумерното штетно влијание на пандемијата врз економијата.
Зоран Грубишиќ, професор на Белградската академија за банкарство вели дека е избегнат ефектот на „црн лебед“.
Објаснува дека златото досега се покажало дека е добар чувар на вредностите во „турбулентни“ времиња. Ова е особено важно кога трае економската криза и кога е непредвидливо колкави ќе бидат последиците.
Во моментов Србија има 31,26 тони злато, што е зголемување за 50 отсто во однос на истиот период лани, додека вкупната вредност на златото во девизните резерви на Народната банка на Србија (НБС) сега изнесува 1,58 милијарди евра, изјавија за Танјуг во НБС.
Цената на златото расте поради несигурноста и само годинава скокна за 13 отсто.Погодени од кризата се Италија, Франција, Германија, Данска, Шведска, и многу други земји.
