Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како Словенија ќе се брани од мигрантите?

Како Словенија ќе се брани од мигрантите?

Словенечките власти почнаа да поставуваат огромни метални куќишта околу најголемиот граничен премин со Хрватска, Брегана -Обрежје. 

Истите капацитети се креваат и на другиот граничен премин Грушковие, објавија од словенечкото Министерство за внатрешни работи. 

„Ако дојде до нов миграциски бран тогаш ќе го затвориме граничниот премин"- предупреди државниот секретар во словенечкото Министерство за внатрешни работи, Андреј Шпенга. 

Тој вели дека ќе направат сè што е потребно мигрантите да не ја загрозат безбедноста на словенечките граѓани.

"Ставањето на металните огради околу два гранични премини со Хрватска е дел од планот за создавање на технички пречки. Досега Словенија поставила технички пречки во текот на 183 километри по границата со Хрватска со цел запирање на мигрантите"- рече уште Андреј Шпенга.

Слични мерки преземаат и други балкански земји. 


Слично

Поврзани вести