Како што тргнала работава Емил Димитриев нема ни да стане премиер
Потенцијалниот премиер Емил Димитриевски кој беше главна медиумска фаца изминативе два дена, како што тргнала работава може и да не стане премиер.
Во моментов договорот од Пржино е замрзнат, а со тоа замрзнати се и шансите тој да го наследи Груевски.
Инаку медиумите досега пишуваа доста за Димитриевски, иако факт е дека човекот важи за мирен и сталожен, партиски многу активен, и секако верен на лидерот на партијата. Нема црни дамки во кариерата.
Според неговиот анкетен лист речиси 14 илјади евра „тежи“ новиот технички премиер Емил Димитриев.
Во имотниот лист доставен до Државната комисија за спречување корупција, кој не е ажуриран од моментот кога Димитриев ја извршуваше функцијата заменик министер за одбрана, вредноста на неговиот имот се проценува во вкупен износ од 855,000 денари, односно речиси 14.000 евра.
Како личен имот, Димитриев пријавил само автомобил Опел Астра 2007/2008 година, која според проценките вреди 750.000 денари, како и побарувања од 60.000 денари за извршена работа.
На име на родителите има куќа од 300 м2 и земјоделско земјиште од 50.000 м2, и двата во Пробиштип за кои нема наведено вредност. Во анкетниот лист, како имот на родители тој ги навел и нивните плати – во вкупен износ од 15.000 денари.
Имотот што го пријавил од неговата жена се само парични средства, во износ од 20.000 денари, додека пак на име на своите деца пријавил средства во готово од 10.000 денари.
Слично
