Како се трошел буџетот во 2015-та
Вкупните расходи на Буџетот од минатата година изнесувале 180 632 милиони денари.
Податоците на Министерството за финансии покажува дека доминантно учество во тековните расходни ставки имаа трансферите, кои изнесуваат 112.734 милиони денари .
За плати и надоместоци државата ги зголемила давачките за 6,9 отсто, па лани потршила 24 685 милиони денари.
Раст има и кај социјалните трансфери и пензиите.
Трансферите кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување зафаќаат најголем дел од социјалните трансфери, со износ од 50.285 милиони денари.
Субвенциите кои се реализирани во износ од 11.916 милиони денари учествуваат со 6,6% во вкупните расходи.
Каматите се реализирани во износ од 6.458 милиони денари, што е повеќе за 26,9% во споредба со истиот период 2014 година.
Ваквото остварување е поради исплата на доспеани обврски за камати од задолжување во странство и во земјата.
Трошоците за камати од домашно задолжување беа зголемени за 6,6%, додека каматите за задолжување во странство беа зголемени за 46,9%.
Инаку вкупните расходи на Буџетот изнесуваа 32,7% од БДП, што е повеќе за 7,5% во однос на 2014 година.
(Извор:Емагазин)
