Економија, финансии, бизнис

Контакт

Како се таложеше загубата во Фени?

Како се таложеше загубата во Фени?

Главната причина за моменталните проблеми на ФЕНИ е неодговорното раководење на директорот Даскалис и неговиот тим кои ја управуваа компанијата од 2005 до 2016 година. Од 2011 до 2015 овој тим го одржуваше производството на ФЕНИ на максимално ниво во период кога пазарот со фероникел опаѓаше. ФЕНИ генерираше значителни загуби во овој период. 

Овој тим успеа да позајми средства од македонските банки за да ги покрие загубите. Исто така загубите беа покривани од други подружници на Кунико на пример ФЕНИ доби руда од никел бесплатно од рудниците на Кунико во Гватемале ставајќи и овие ентитети во загрижувачка финансиска состојба. Тимот под Даскалис ги фалсификуваше сметките и книговодствените книги на ФЕНИ за да сокрие вистинската состојба од акционерите. 

Истовремено тимот на Даскалис пронеруваше пари од ФЕНИ и остатокот од групацијата на Кунико-тој тим имаше потреба ФЕНИ да „трча“ на максимална брзина за да има повеќе можности со цел за поголем личен профит.

На крајот од 2015 година актуелните мнозински акционери на Кунико , ИМР и Самерсајд стекнаа мнозинска контрола во Кунико и, следствено, во ФЕНИ.

Даскалакис и неговиот менаџерски тим веднаш „одлетаа“.  Кунико и ФЕНИ моментално го гонат со општествени и кривични правни дејства Даскалис и неговиот менаџерски тим за а разни измамнички и несовесни дела во врска со ФЕНИ и остатокот од групата Кунико.

Доколку активностите на поранешниот менаџмент се открија уште во 2011-2012 година, износот на акумулираните загуби на ФЕНИ немаше да биде толку значаен и би било полесно релевантните засегнати страни да ја решат ситуацијата. Но ФЕНИ под г-дин Даскалакис продолжи да генерира загуби до и после 2015 година, додека не беше запрен од новиот менаџерски тим.

ИМР и Самерсајд, актуелните мнозински акционери на Кунико, всушност го наследиле ФЕНИ на крајот од 2015 година со комплицирана и серија големи проблеми кои ФЕНИ не можеше да ги одржи самостојно. Во текот на 2016 и 2017 година, новиот менаџерски тим придонесуваше за нивните напори за управување, а мнозинските акционери придонесоа нивните средства и добра волја да ги поправат проблемите на ФЕНИ.

За да дадеме само неколку примери, мнозинските акционери инвестираа околу 17 милиони долари во готовина во ФЕНИ кон крајот на 2015 година. Понатаму, мнозинските акционери ги користеа нивните врски и репутација за да привлечат дополнително финансирање на ФЕНИ од трети страни во износ од околу 24 милиони американски долари .

Новиот менаџерски тим спроведе големо преструктуирање на производството на ФЕНИ за да биде попретпазлив од остри реалности на пазарот на никел. И покрај овие напори, износот на акумулираните проблеми се покажа неодржлив за ФЕНИ и ФЕНИ, оттаму се претвори во миријада на неисполнувања.

Менаџментот на Кунико и Фени во последните неколку месеци постојано се фокусираше на проблемите на ФЕНИ во обид да ја спаси ситуацијата. 

Беа извршени безброј состаноци и разговори со разни кредитори на ФЕНИ. Меѓутоа, со расположливите ресурси на Групацијата Кунико во моментов, со доверителите не е постигнато взаемно прифатливо решение. 

Кунико го поздравува повлекувањето на Енекод во актуелната слика и му верува на способноста на Енекод да ја спаси ситуацијата.

Слично

Поврзани вести