Како се полни државната каса ќе гледаме преку фискален бројач
Фискален бројач ќе покажува како се полни државната каса.
Преку нова алатка на Министерството за финансии јавноста ќе има преглед за состојбата во буџетот, односно фискалниот бројач ќе ги покажува приходите, расходите и извршувањето на капиталните расходи на дневно ниво.
Од друга страна, на месечно ниво ќе се има претстава до каде сме со државниот долг.
Од финансии велат дека оваа нова алатка има за цел поголема транспарентност кон јавноста бидејќи на истата и се ставаат информации кои креираат јавно мислење.
Надлежните , најавија наскоро функционирање и на Даночен каледар.
Слично
